fbpx
Fashion Me Fashion Me

Тимот кој го носи глобалниот тренд во модата поблиску до вас

Приказната на FashionMe

Екипата зад FashionMe има години искуство во модната индустрија. Знаевме дека жените бараат и заслужуваат квалитетна услуга по пристапни цени. Од самиот почеток, наша цел беше секој клиент да биде задоволен со својот избор. Тоа ни дозволи да изградиме реноме за неполна година. Мотивирани од вашата лојалност и неброени задоволни клиент(к)и, се одлучивме да основаме online продавница и да го подобриме вашето шопинг искуство.

Сега, можете полесно да дознаете за сите наши сезонски промоции, а ние да ви возвраќаме со уште подостапни цени за лојалноста, довербата и пофалните зборови. Покрај тоа, ќе бидеме поблиску до клиентите и да им овозможиме тоа што го бараат да го пронајдат кај нас. Притоа, нашата цел е да купувате кај некој што ја заслужил довербата, за која задовоството кај нашите клиенти зборува само за себе.

нашата мисија

Сметаме дека секоја жена која се чувствува убаво заслужува така и да изгледа. Да се обезбеди гардеробата која ја сакате за секоја пригода и секоја сезона не е воопшто лесно. Наша задача е да најдеме модни парчиња и акцесоари кои одговараат на вашиот личен стил, без компромис во однос на квалитетот или сезонската мода. Последно, но исто толку важно, е да добиете врвна услуга од секој можен аспект. Тоа подразбира се да биде совршено допасувано за клиентот, брза услуга и загарантирано задоволство при секој купен продукт.

Нашата Визија

FashionMe, како и секоја амбициозна компанија се стреми да и излезе во пресрет на што поголема клиентела. Меѓутоа, тоа е неостварливо без да вашата помош. Секако дека досегашното искуство е непроценливо, но секогаш сме отворени на сугестии и совети што би можеле да ја подобрат нашата понуда и услуги. Како што напредуваме, целиме да понудиме уште поширок избор и да диктираме високи критериуми на квалитет во домашниот пазар.